Силвестер Сталоне имаше прекрасна придружба на ревијата на Сен Лоран во Лос Анџелес. 69-годишниот актер зачекори на црниот тепих рака под рака со две од своите ќерки.
Сталоне, кој е номиниран за оскар за Најдобар актер во споредна улога за ликот на Роки Балбоа во „Creed“, гордо позираше покрај 17-годишната Систин и 19-годишната Софија.
На модното шоу на познатиот бренд беше презентирана колекцијата есен 2016.
Атрактивната Систин чекори по стапките на својата мајка Џенифер Флавин и стана дел од модната индустрија со потпишувањето на договор со една од најголемите модни агенции IMG.