Серена Вилијамс неспорно е најдобрата тенисерка на планетата. 34-годишната спортистка триумфираше на Вимблдон, освојувајќи ја 7-та титула на најпознатиот тениски турнир или
За огромниот успех, Серена славеше на традиционалната Вечера на шампионите во Лондон, каде се појави во елегантно издание. Врвната тенисерка позираше во долг црвен фустан, чиј горен дел беше навезен со кристали.
Во финалето на Вимблдон, Вилијамс играше против Германката Анџелик Кербер. Кај мажите, најуспешен беше Британецот Енди Мареј.