Големите победници на Вимблдон прославија со стил за постигнатиот успех. Новак Ѓоковиќ се појави на свечената вечера на шампионите со својата сопруга Јелена.
Елегантниот пар позираше на виолетовиот тепих во Лондон. Јелена изгледаше шармантно во цветен макси фустан од модната куќа Александар МекКвин. Славниот Србин носеше темносин костум со зелено-сина вратоврска.
За свеченоста во Лондон, Серена Вилијамс избра долг елегантен фустан со низи од сјајни камења. 33-годишната тенисерка имаше победнички блесок на лицето.