Селена Гомез се разголи во фотосесија за „GQ“. 23-годишната пејачка позираше во костими за капење и летни комбинации за априлското издание на машкото списание.
Виктор Демаршелие бил задолжен за фотосесијата со популарната музичка ѕвезда.


Во интервјуто за списанието, Гомез зборувала за своето детство и растењето пред очите на јавноста. „Немав можност да со осмислам својот живот без луѓето да имаат свое мислење за моите постапки. Јас го избрав ова. Па, затоа нема да седам тука и да велам „Ох Боже, кутрата јас, немав нормално детство“. Не се грижам за тоа“ – изјавила таа.






Погледнете и како се одвиваше снимањето на фотосесијата: