„Нешто невообичаено. Нешто навистина убаво и романтично“ – тоа се барањата со кои Лиам Хемсворт отишол кај дизајнерот на накит Нил Лејн, за заедно да го направат свршеничкиот прстен за Мајли Сајрус.

Финалниот резултат е дијамантски прстен од 3,5 карати, рачно изработен од 18-каратно злато и украсен со мали дијаманти и интересни цветни мотиви, чиј централен дел е камен кој датира од 19 век.
Нил Лејн ексклузивно за People изјавил дека каменот е уникатен и дека е зачуван во оригиналната форма.
22-годишниот актер бил задоволен од изгледот на блескавиот прстен, а веројатно и неговата избраничка.

„Благодарам за целата љубов :) Среќна сум што ја споделувам оваа вест со вас. Се чувствувам како сите соништа да ми се исполнуваат. Имајте убав ден“ – напиша