Кејт Мос е ѕвездата во септемвриското издание на списанието „Вог“. Списанието објави фотографии од свадбата на 37-годишната манекенка со рокерот Џејмс Хинс, како и фотографии од специјален едиторијал.
На фотографиите се овековечени некои од најинтересните интимни моменти од свадбата со помош на објективот на популарниот Марио Тестино.
Освен невестата и младоженецот, има и фотографии од многуте мали деверуши на Мос кои изгледаат неодоливо како мали ангелчиња. Меѓу нив е и ќерката на Мос, Лила Грејс.
На една од фотографиите Лила Грејс и Кејт Мос ја пресоздаваат минималистичката естетика на црно-белите кампањи на Келвин Клајн, кои ја издигнаа Мос до статусот супермодел.
Кејт Мос и Џејмс Хинс стапија во брак на 1 јули оваа година. Кејт го кажа судбоносното „Да“ во фустан на Џон Галијано.