Роузи Хантингтон-Вајтли го прифати предлогот за брак на Џејсон Стејтам. Популарниот пар ја потврди веста за свршувачката откако 28-годишната манекенка беше фотографирана на „Златен глобус“ со голем дијамантски прстен на раката.


Атрактивната Британка блескаше на црвениот тепих на „Златен глобус“ во златна креација од Версаче покрај 48-годишниот актер.




Роузи и Џејсон се во врска пет години. За време на празниците тие беа фотографирани на одмор во Тајланд.




