Ријана никогаш не била срамежлива кога кон неа биле насочени објективите на фотоапаратите, па во последно време редовно се појавуваат нејзини разголени фотографии.
Фотосесијата на Рири за „Esquire UK“ исто така ја покажа провокативната страна на 24-годишната музичка ѕвезда. На една од фотографиите таа покажува дел од својот задник, додека на останатите позира или во минималистички парчиња долна облека или топлес.
Во интервју за списанието, Ријана споделила дека ја смета Шерил Кол за многу привлечна и дека воопшто не би ѝ сметало да ја гледа додека се наведнува. „Ооох! Шерил Кол е... жешка. Би сакала само да ја гледам како работи. Во најдобар случај да чисти работи на подот. Да собира нешта од подот. Да се наведнува. Таа е жешка. Мислам, буквално... таа е прекрасна“ – изјавила Ријана.
Неодамна беше премиерата на првиот филм на Ријана, „Battleship“. Но, тој не е само случајност и славната пејачка планира да ја продолжи својата кариера во филмската индустрија. „Ќе снимаме уште неколку филмови, веднаш по излегувањето на Battleship. Еден е комедија. Има акционен филм, а еден е анимиран“ – открила таа.
Во изминативе неколку месеци на мета на медиумите се односите Ријана-Крис Браун. Иако многумина се согласуваат дека таа направи лош потег со тоа што ги сними заедно со Крис песните „Birthday Cake“ и „Turn Up the Music“, Ријана смета дека таквата музичка соработка не требало да предизвика негативни реакции. „Мислев дека луѓето ќе бидат изненадени што најпосле снимивме песна заедно, но не мислев дека луѓето ќе го гледаат тоа како нешто лошо. Во мојот ум, тоа беше само музика“ – изјавила таа.
На прашањето каде се гледа за пет години, Рири одговорила: „Се надевам дека дотогаш ќе најдам маж. Морам да започнам оттаму, нели? Но, колку далеку ќе стигнам со мојата кариера, тоа е план на Господ. Јас само го следам преку мојата судбина.“