Ријана застана пред објективот на познатиот фотограф Тери Ричардсон. Фотосесијата била направена во март, кога Ријана беше русокоса, но Тери реши да ги сподели фотографиите сега.
24-годишната пејачка позира по многу кратки фармерски панталончиња и бела маичка која е врзана така што го отскрива нејзиниот тониран стомак. Застанувајќи во провокативни пози, Рири го покажува своето тело.


На една од фотографиите Ријана позира и со самиот Ричардсон.

Вчера Ријана објави на Twitter фотографија на која се гледа дека прима инфузија. Според информациите од странските медиуми, таа била однесена в болница веднаш по балот МЕТ, поради исцрпеност и дехидратација. Престојот на Ријана в болница бил многу краток и набрзо потоа таа од Њујорк отпатувала за Лос Анџелес.

