Рис Витерспун зачекори на црвениот тепих на American Cinematheque Award заедно со своите две деца.

39-годишната актерка гордо позираше покрај 16-годишната ќерка Ава и 12-годишниот син Дикон. Фотографиите по кој знае кој пат поттикнаа коментари за сличноста на Рис со Ава.





Витерспун носеше едноставна црна креација од Долче и Габана.


За време на церемонијата, нејзе ѝ беше доделена награда за успешната 25-годишна кариера. Метју Меконахи ѝ ја врачи статуетката.



