Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Рис Витерспун го покажа имотот на кој направи свадба

ФОТО: Рис Витерспун го покажа имотот на кој направи свадба

Рис Витерспун ги отвори вратите на својот ранч во Охај, Калифорнија. Актерката позната по филмовите „Legally Blonde“ и „Walk the Line“ за списанието „Elle Decor“ откри дека тоа е местото на кое се чувствува најрелаксирана.

„Веднаш штом ја преминам портата, се релаксирам. Воздухот е свеж, телефонот не ѕвони, немаш пристап до e-mail. Времето забавува. Нема да помине ниту еден час пред да легнам на каучот и да си земам дебела дремка“ – вели таа.

„Ме потсетува на растењето во Тенеси, каде што цел ден бевме излезени надвор. Сакав моите деца да го доживеат тоа, да се валкаат во калта и да си играат со животните“ – дополнила Рис.

36-годишната харизматична филмска ѕвезда пред повеќе од една година стапи во брак со Џим Тот токму на овој имот. Сега тие го очекуваат своето прво заедничко дете.

Рис на фотографите на „Elle Décor“ им ги покажа и спалните соби на своите две деца од бракот со Рајан Филипе, Ава и Декон.

Погледнете каде Рис и нејзиното семејство бега од бурниот живот во Лос Анџелес.

Домот на Рис Домот на Рис Домот на Рис
Колекција Rosa Clara Колекција Rosa Clara
Домот на Рис Домот на Рис Домот на Рис
Колекција Rosa Clara Колекција Rosa Clara
Домот на Рис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19108 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.