Рики Мартин и неговите преслатки близначиња Матео и Валентино се лицата кои се насмевнуваат од насловната страна на шпанското издание на списанието „Vanity Fair“. Во фотосесијата им се придружи и љубовниот партнер на Рики, Карлос.
Всушност, ова е првпат 40-годишниот пејач да дозволи да биде фотографиран со близначињата и Карлос како едно семејство.

Во август 2008 година Рики Мартин стана татко на близначиња, но тој одбива да ја нарече жената којашто ги роди неговите деца сурогат. „Видов фотографија од неа и реков: Која е оваа жена, ангелска, толку искрена?... Јас не изнајмив матка. Тој израз се користи од фундаменталистите. Јас позајмив матка. Не платив за неа... Би го дал својот живот за жената која ми помогна да ги донесам на свет моите деца“ – изјавил тој.

Пред две години Рики Мартин за првпат призна дека е хомосексуалец, но во интервјуто за „Vanity Fair“ тој откри дека во животот немал врски само со мажи. „Имам спиено со жени, се имам заљубувано во нив и имам доживеано прекрасни емоции. Имаше љубов, страст. Не се каам за ништо, секоја врска која сум ја преживеал ме научила на многу нешта“ – изјавил тој и додал дека ниту една жена не познала дека тој е хомосексуалец.

Рики Мартин е во врска со Карлос четири години.