Рејчел МекАдамс присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Doctor Strange“. На црвениот тепих во Лондон, 37-годишната актерка блесна во проѕирна креација од Ели Сааб.
Фустанот со еден ракав, украсен со апликации во форми на птици, доаѓа од колекцијата висока мода есен/зима 2016 на познатиот либански дизајнер.
Својот стилски избор, МекАдамс го надополни со сандали од Џузепе Ѕаноти и накит од H. Stern.







Славната Канаѓанка позираше и со својот колега Бенедикт Камбербач.







На премиерата во Лос Анџелес, холивудската ѕвезда се појави во елегантна креација од Версаче.

