Џесика Алба ја краси насловната страна на декемврискиот број на списанието Elle.
Холивудската убавица во интервјуто за Elle признава дека во минатото страдала од недостиг на самодоверба и дека моментално најважното нешто во нејзиниот живот е нејзината
„Срамежлива сум. Не сакам да бидам во центарот на вниманието“ – изјавила таа.
Еве што уште споделила 29-годишната актерка.
За актерството: „Добрите актери никогаш не користат сценарио, освен ако не е одлично. Сите добри актери со кои имам работено го кажуваат она што сакаат да го кажат“.
За паузата поради бременоста: „Работев постојано од мојата 12-та година. И ми беше толку јасно дека таму некаде има нешто многу поважно“.
За сегашниот избор на улоги: „Времето коe го поминувам подалеку од моето дете треба да вреди, па кога седнав со моите агенти откако бев подготвена да се вратам на работа им кажав: Сè е до режисерите“.
За главните улоги во филмовите: „Сега преферирам да не сум во главна улога. Тоа е сосема поразличен приод – многу подобар“.
Џесика Алба уште еднаш потврди дека не се соблекла гола за филмот „Machete“, туку дека нејзината облека била дигитално отстранета.