Ана Курникова одлучи да се збогува со еден од своите луксузни имоти. 30-годишната тенисерка ја продаде својата куќа во Мајами за речиси седум и пол милиони долари.
Атрактивната Русинка го купи имотот во 2000 година за 5 милиони долари, а сега успеа да му ја зголеми цената за повеќе од 2 милиони. Куќата вклучува седум спални соби и осум бањи, а се простира на површина од 620m2.
Повеќе од десет години Курникова е во врска со Енрике Иглесијас, но и двајцата досега биле многу таинствени за нивниот љубовен живот и никогаш не објавиле дали наскоро планираат да стапат во брак.