Само неколку седмици по својата четврта бременост, Викторија Бекам си ја врати слабата фигура, а судејќи според нејзината прва фотосесија по породувањето, никој не би можел да препознае дека познатата дизајнерка роди пред само шест месеци.
37-годишната сопруга на Дејвид Бекам позираше за јапонското списание Numéro. На насловната страна Викторија ќе се појави во сино-зелено кожено палто на Burberry под кое се наѕира секси градник со чипка.
На фотографиите може да се забележи дека Викторија има нова фризура со шишки, но веројатно се работи за перика.
Во моментов Викторија ја подготвува новата колекција за сезоната есен/зима. И покрај гласините дека ќе станува и детски дизајнер, таа призна дека нема намера да влегува во тие води. „Спротивно на она што го велат луѓето, немам интерес да правам детска линија. Има многу луѓе кои веќе го прават тоа доста добро“ – рекла таа.
Кога била запрашана која личност би сакала да седи во првиот ред на нејзините модни ревии, Викторија без многу да размислува одговорила: „Мојот сопруг. Дејвид никогаш не бил на некое од моите шоуа, затоа што сум многу нервозна и треба да се фокусирам и концентрирам. Освен него, сакам да присуствува и Тилда Свинтон. Таа е неверојатна и би сакала да ја облекувам.“