Џесика Симпсон ја претстави пред светот својата ќеркичка. 31-годишната телевизиска ѕвезда позираше со малата Максвел Дру за насловната страна на списанието People.
„Постојано зјапаме во неа. Не можеме да се наситиме!“ – изјавила Симпсон за списанието.
Во ексклузивно интервју Џесика признала дека животот многу ѝ се променил по породувањето. „Од тоа како спијам, до тоа за што размислувам, дефинитивно сè се врти околу Максвел“ – признала таа.
Максвел е првото дете на Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон. Новата мајка се породи на 1 мај со помош на царски рез.