13 години по матурата, поранешното момче на Џесика Алба реши да објави фотографија од нивната матурска вечер и јавно да признае колку жали што раскинал со убавата актерка.
Крис Лакис, којшто на фотографијата позира насмеан до уши, бил во врска со Алба 5 години со повремени прекини.
Во интервју за TMZ, Крис изјавил и дека токму неговата врска со Џесика Алба го инспирирала да создаде веб сајт чија цел е да ги спречува непотребните раскинувања. На неговиот сајт паровите со љубовни проблеми добиваат совети од различни луѓе од цел свет за да ги надминат разликите.
Крис смета дека Џесика немало да ја прекине нивната врска ако постоело нешто слично на неговиот сајт. „Секогаш посакував некој да се вмеша меѓу мене и Џесика за барем да останевме пријатели“ – изјавил тој.
Џесика Алба утре ќе ја прослави тригодишнината од бракот со Кеш Ворен и е бремена со нивното второ дете.
Време е Крис да ја остави старата врска со 30-годишната убавица во минатото.