Парис Хилтон не остана подалеку од Кан, најактуелното „холивудско“ место во моментов.
Познатата русокоса присуствуваше на забавата по повод 20-годишнината на списанието за мода „Citizen K“. Според Celebuzz, блескавиот жолт фустан во кој Парис се појави на забавата чини 11.800 долари и е од линијата висока мода на „Chagoury“.
На забавата присуствуваше и нејзината сестра Ники Хилтон.