Никол Шерцингер мамеше воздишки додека снимаше епизода од британското реално шоу „The X Factor“ во Ница, Франција.
38-годишната пејачка ја покажа својата атрактивна фигура додека позираше на плажа во сини бикини од њујоршкиот бренд KIINI и очила во складна боја.



За снимањето на епизодата „во куќата на судиите“, Никол возеше и скутер на вода.



Шерцингер е ментор на момците помлади од 25 години кои се дел од познатото шоу.

Поранешната членка на групата „The Pussycat Dolls“ е лицето од насловната страница на најновото издание на „Glamour“. Во интервјуто за списанието, Никол ги отфрли шпекулациите за афера со Калвин Харис и сподели дека е многу среќна со Григор Димитров.

