Никол Шерцингер деновиве престојува во Лондон за снимањето на аудициите за популарното шоу „The X Factor“.
38-годишната музичка ѕвезда го истакна својот сексапил со три различни стајлинзи.
Поранешната членка на The Pussycat Dolls прво привлекуваше погледи во шармантен фустан со карнери од брендот MSGM и високи сиви чизми.






Втората комбинација вклучуваше црно-бела асиметрична креација од колекцијата пролет/лето 2015 на Антони Вакарело.









На црвениот тепих на „The X Factor“, Никол се појави во црвен фустан со црни детали од британската дизајнерка Аманда Вејкли.







