Забавната Софија Вергара втора година по ред го зазема челното место на листата Најплатени телевизиски актерки на Forbes.
Атрактивната 41-годишната ѕвезда од „Modern Family“ заработила 30 милиони долари. Со идентична заработка од 11 милиони долари, Маришка Харгитеј од „Law & Order: Special Victims Unit“ и Кејли Куоко од „The Big Bang Theory“ го добија второто и третото место на листата.
Погледнете кои се десетте најплатени ТВ актерки и колку заработиле во периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година.
1. Софија Вергара
Заработка: 30 милиони долари
Освен од учеството во серијата „Modern Family“, Вергара го полни џебот и од својата колекција облека за KMart, а исто така и од рекламите за Cover Girl, Rooms to Go, Synthroid и Diet Pepsi.
2. Кејли Куоко
Заработка: 11 милиони долари
За секоја епизода од „The Big Bang Theory“, Кејли добива по 300.000 долари. Дополнително, таа заработила 2 милиони долари од договори со компании како Priceline и Toyota.
3. Маришка Харгитеј
Заработка: 11 милиони долари
Ѕвездата од „Law & Order: Special Victims Unit“ редовно привлекува милиони гледачи пред ТВ екраните и соодветно добива и дебели чекови.
4. Тина Феј
Заработка: 10 милиони долари
Големата заработка на Тина Феј се должи на успехот на серијата „30 Rock“.
5. Бетани Френкел
Заработка: 10 милиони долари
6. Сестрите Кардашијан
Заработка: 10 милиони долари
Секоја од трите сестри прибира по 10 милиони долари.
7. Мелиса Мекарти
Заработка: 10 милиони долари
8. Елен Помпео
Заработка: 10 милиони долари
9. Коби Смолдерс
Заработка: 10 милиони долари
10. Алисон Ханиган
Заработка: 9 милиони долари