Моника Белучи останува верна на своите пријатели Долче и Габана. 52-годишната актерка шармираше во две креации со цветови од италијанските дизајнери на Филмскиот фестивал во Лос Кабос.
Синиот фустан, кој доаѓа од актуелната колекција на брендот, Белучи го искомбинира со црни обувки од Кристијан Лобутин.








На манифестацијата, на привлечната Италијанка ѝ беше доделена награда за Животно постигнување.



Претходните денови на холивудската ѕвезда беа резервирани за филмски фестивал во Лисабон, на кој се појави во припиен црн фустан.



