На премиерата на својот најнов филм „On the Milky Road“ во Венеција, Моника Белучи се појави со блескав моден додаток.
Сензуалната Италијанка на вратот носеше накит од Cartier, кој чини 5 милиони евра.





Токму поради високата вредност на накитот, Моника беше придружувана од неколку телохранители.




Фустанот на славната актерка доаѓа од ателјето на Азедин Алаја.









Коментирајќи ги главните ликови во филмот, Белучи изјавила: „Тие немаат што да изгубат, не се млади повеќе и сè уште веруваат во љубов, дека може да се случи нешто магично. Мораме да мислиме дека љубовта и сексуалноста се прашање на енергија, а не на возраст.“
На црвениот тепих, Моника позираше со Емир Кустурица и Слобода Миќаловиќ.




Филмскиот фестивал заврши со прогласување на победниците. Наградата „Златен лав“ заврши во рацете на Лав Дијаз за „The Woman Who Left“.