Промотивната турнеја на Моника Белучи за филмот „On the Milky Road“ продолжи во Шпанија.
Откако ја покажа својата грациозност на Филмскиот фестивал во Венеција, 51-годишната ѕвезда отпатува на фестивалот во Сан Себастијан.
Атрактивната Италијанка беше фотографирана додека пристигнуваше во својот хотел и на премиерата на нејзиниот најнов филмски проект со Емир Кустурица.












