Моника Белучи присуствуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Мајами. Привлечната Италијанка изгледаше елегантно и женствено на прикажувањето на својот нов филм „Ville-Marie“.
За свеченоста, 51-годишната актерка носеше креација од своите добри пријатели Доменико Долче и Стефано Габана. Црниот фустан од реномираната модна куќа, Белучи го искомбинира со сандали од Кристијан Лобутин.










