Моника Белучи шармираше на отворањето на шоуто на Дита Вон Тис во Париз. 51-годишната актерка се појави во црн костум со бела кошула, а направениот стилски избор одлично ги скриваше нејзините години.
За настапот на „кралицата на бурлеската“, Белучи својот изглед го надополни со блескава чанта и голем впечатлив прстен.





Италијанската убавица пристигна на настанот заедно со фотографот и режисер Али Мадави.





На вечерниот настан во кабарето „Crazy Horse“, Дита Вон Тис се појави во разголена креација од Зухаир Мурад.

