Мис Венецуела се закити со титулата „Miss Earth 2013“. Алис Енрих се истакна помеѓу 88 убавици од целиот свет на натпреварот одржан во Лас Пињас, Филипини.
Блескавата круна Алис ја наследи од минатогодишната победничка Тереза Фајксова.
22-годишната бринета им се придружи на убавиците кои се залагаат за зачувување на животната средина.
На натпреварот беа доделени уште три други титули според четирите елементи – вода, воздух и оган. Титулата „Miss Fire“ ѝ припадна на претставничката на Кореја, Катарина Чои. За „Miss Water“ беше прогласена Мис Тајланд, Пуника Кулсонторнрут, додека Катја Вагнер од Австрија ја доби титулата „Miss Air“.