Миранда Кер и Еван Спигел ја однесоа својата љубов во Беверли Хилс. По неколкумесечна врска, 32-годишната манекенка и 25-годишниот основач на Snapchat за првпат се појавија заедно на холивудски настан.
Славниот пар присуствуваше на гала вечера организирана од Клајв Дејвис, по повод претстојните греми награди.
На свечениот настан, атрактивната Австралијка ја покажа својата нова боб фризура и шармираше во бел фустан од Balmain. За да го комплетира својот изглед, Кер носеше чантичка од Jimmy Choo и обетки од Pasquale Bruni.





















