За време на снимањето на својот најнов филм, Мила Кунис доби прекрасно изненадување – посета од својот сопруг и малата ќеркичка.
Ештон Кучер ја понесе со себе едногодишната Вајат Изабел за да ѝ дадат поддршка на 32-годишната актерка, додека таа работеше на новиот проект „Bad Moms“.
На фотографиите направени во Њу Орлеанс, Кунис се забавува и си разменува бакнежи со ќерка си и сопругот. Малото девојче изгледа преслатко облечено во нежна колоритна комбинација.














37-годишниот актер и претходно беше фотографиран од папараците кога со Вајат ја посети својата сакана на нејзиното работно место.





„Bad Moms“ ќе започне да се прикажува во киносалите на 19 август оваа година.