И покрај тоа што Мила Кунис и Ештон Кучер се обидуваат да го зачуваат својот приватен живот подалеку од будното око на јавноста, неуморните папараци не им го дозволуваат тоа. Славните актери беа фотографирани додека беа на прошетка со малата ќеркичка во Њу Орлеанс.
Од фотографиите може да се забележи дека Вајат Изабел е татина ќерка. 37-годишниот актер го забавува и го носи в раце слаткото девојче за време на нивниот семеен ден.


Вајат Изабел, која е единствено дете на ѕвездите од „That '70s Show“, се роди во октомври 2014 година.







Ештон и Мила ја крунисаа својата љубов со брак во јули минатата година.