Меган Фокс го покажа својот природен сексапил во кинеското издание на списанието „Elle“. 25-годишната убавица позираше во лежерна комбинација и во долна облека.
Меган, која често е нарекувана најсексапилната жена на светот, неодамна ги сподели своите тајни за разубавување.
Свежа енергија: „Јадам пет пати дневно и не држам диети, но се хранам здраво – најмногу со сирова и веганска храна, без млечни производи. Тоа не е секогаш возможно, особено кога патувам или кога снимам филм, но се обидувам.“
Свежо лице: „Дури и кога работам не сакам да користам многу шминка, но кога сум слободна, воопшто не користам шминка и му давам одмор на моето лице. Морам да го измијам лицето на секои 12 часа и потоа да го навлажнам. Само се туширам, а не лежам во када. По тушот, ја навлажнувам кожата со масло од семки од грозје.“
Шминка и фризура: „Мојот препознатлив изглед е црвени усни со нежно нашминкани очи. Нанесувам лесна течна пудра, потоа на образите користам руменило или понекогаш од истиот кармин што го ставам на усните. Кога излегувам на состанок, си ја правам косата како за на плажа, природна и разбушавена.“