Не е тешко да се види зошто Меган Фокс секогаш е на листите на најсекси жени на светот. 28-годишната актерка, која во изминативе две и пол години роди две деца, е во одлична форма, а доказ за тоа се фотографиите од нејзиниот одмор на Хаваи.
Фокс и нејзиниот сопруг Брајан Острин Грин беа фотографирани додека се релаксираа на тропска плажа.
Среќниот пар има две заеднички деца, двегодишниот Ноа и 11-месечниот Боди. Неодамна Фокс сподели фотографија од сладок момент со малиот син Боди.
Познатата актерка отсекогаш посакувала да биде мајка и отворено ги споделува своите размислувања за мајчинството. „Мајчинството навистина ме промени како личност. Имаш едно дете и си велиш: Ох Господе, ова бебе ми е сè на светов. Секој момент од денот е посветен на тоа бебе и одненадеж доаѓа второто. Сето тоа ти ги менува приоритетите. Кај мене го промени начинот на којшто размислувам за човечкиот живот и духовноста, бидејќи се чувствувам како да ги познавам тие две души и како да имам живеено со нив во минат живот“ – рекла таа.