Сите бевме сведоци како изгледаше телото на Мараја Кери во текот на бременоста, затоа што таа не се срамеше да се соблече и да позира за да ја задоволи љубопитноста на своите обожаватели.
Сега Мараја повторно со гордост го покажа своето тело, но овој пат нејзината самоуверена задоволна насмевка е од други причини. Славната пејачка откри дека ослабела 32 килограми од породувањето и го разголи својот рамен стомак за списанието Us Weekly.
Пресреќната дива изгубила 18 килограми вода уште во првата седмица по породувањето и 14 килограми со помош на диетата „Џени Крег“.
„Во првата недела изгубив 18 килограми... само вода. На почетокот беше само вода. Откако ја започнав диетата, изгубив 14 килограми тежина кои требаше да ги симнам“ – изјавила Мараја во шоуто на Рози О’Донел.
Мараја ја започнала диетата „Џени Крег“ пред три месеци и по успешното слабеење, стана заштитно лице на компанијата којашто стои зад диетата. Веќе има неколку видеа кои ги најавуваат рекламите со Мараја. Во нив се користи и песната „Make It Happen“, напишана од самата пејачка.
42-годишната мајка на близначињата Монро и Морокан ја започнала диетата во јули, откако престанала да ги дои своите мали. Но, бидејќи раѓала со царски рез, не можела веднаш да започне да вежба. Таа признала дека 90% од изгубената тежина е резултат на нејзината диета.
„Горда сум на тоа колку напорно се трудев да си го вратам телото... морав да го направам ова за себе“ – изјавила гордо Мараја.