Мадона дефинитивно нема да биде среќна од објавувањето на фотографиите од „зад сцената“ на снимањето на едиторијал за списанието „W“.
На фотографиите се гледа како кралицата на поп музиката се подготвува за снимањето. На три од нив таа носи на себе само проѕирен градник и црни танга гаќички, а на последната е топлес пред огледало.
По „истекувањето“ на фотографиите некои го критикуваа изгледот на Мадона, додека други коментираа дека таа изгледа прекрасно со оглед на тоа што кога била фотосесијата имала 50 години и што фотографите не се дигитално коригирани.
Фотографиите се направени во 2008 година во Бразил. 53-годишната пејачка за „W“ позираше со Хесус Луз, кој тогаш имаше 22 години, а со кого Мадона започна врска што траеше повеќе од една година.
Еве дел од заедничката фотосесија на Мадона и Хесус: