Њујорк не познава граници кога станува збор за луксуз. На почетокот на годинава таму се продаде стан од 88 милиони долари (рекордна цена по метар квадратен), нешто подоцна беше продаден и стан од 90 милиони долари, а сега на пазарот на недвижнини се појави и апартман од 100 милиони долари.
Ултра луксузниот апартман се простира на 73-тиот, 74-тиот и 75-тиот кат на висока зграда со поглед на Централ Парк. На површина од над 740m2 се наоѓаат 6 спални соби, 9 бањи, трпезарија за 20 лица, галерија и просторија за конференции.
Од секој од 135-те прозорци има прекрасен поглед кон градот, а секој кат е опкружен со тераса.
Апартманот е во сопственост на Стивен Клар, претседател на „Klar Organization“. „Уметноста е нешто за кое луѓето се склони да дадат пари, а овој апартман е како уметничко дело“ – изјавил тој за „The New York Times“.
Клар го купил апартманот празен во 1993 година за само 4,5 милиони долари.