Соработката на „Ultimo“ и Луисана Лопилато се покажа како доста успешна, па и понатаму продолжува. Познатиот бренд за долна облека сними уште една кампања во која сексапилната актерка позира по долна облека и костими за капење.
Новата кампања била снимена во Лондон. „Сметавме дека поради наближувањето на Олимпијадата, одлично време е Луисана да дојде во Велика Британија за сензационална фотосесија со Ultimo“ – изјавила Мишел Моне, претставничка на компанијата.
Освен по долна облека, 25-годишната актерка претходно позираше за „Ultimo“ и во два модела костими за капење, чија цел е истакнување на женските облини.
Луисана пред неколку дена присуствуваше на Канскиот филмски фестивал. Таа се појави во зелен елегантен фустан на премиерата на филмот на Бред Пит, „Killing Them Softly“.