Лили Олдриџ и Алесандра Амбросио ги почестија своите деца со ручек во новиот ресторан на Џесика Бил.
Модерните мајки беа фотографирани пред ресторанот „Au Fudge“ во Лос Анџелес, чија косопственичка е познатата сопруга на Џастин Тимберлејк.


На фотографиите, Лили Олдриџ е облечена во кежуал комбинација со фармерки и плетена блуза. 30-годишниот ангел на VS внимателно ја носи во рацете својата 3-годишна ќеркичка Дикси Перл.






Алесандра Амбросио пристигна во ресторанот со своите две деца, 7-годишната Ања и 3-годишниот Ноа. 34-годишната манекенка избра лежерен изглед во светли бои за своето излегување со ќерката и синчето.



Двете убавици на своите профили на Instagram објавија фотографии од децата по повод Велигден.



Џесика Бил на 17 февруари го отвори својот ресторан со органска храна, кој е пред сè наменет за семејства и деца.