Лив Тајлер и Дејвид Гарднер ѝ посакаа добредојде на својата ќерка.
39-годишната актерка се породи вчера, а веста за доаѓањето на свет на малото девојче ја споделија и двајцата родители на своите профили на Instagram. И Лив и Дејвид објавија иста фотографија на популарната социјална мрежа. На неа, Дејвид го држи заспаното бебенце на своите гради.
Девојчето го доби името Лула Роуз Гарднер.
„Здраво!!! Нашето прекрасно девојче пристигна!!! Лула Роуз Гарднер ние сме пресреќни. Срцето ми експлодира од љубов“ – напиша среќната мајка на Instagram.

„Нашето прекрасно девојче пристигна. Лула Роуз Гарднер е неверојатно убава, здрава и фала му на Господ личи на мајка си!!! Вистински благослов. Татина ќерка... Сега започнува вистинската работа да ги тренирам нејзините поголеми браќа да станат нинџи, експерти во боречки вештини и телохранители 24/7“ – се пошегува Дејвид во својата порака.
Денес парот беше фотографиран додека се упатуваше кон својот дом во Њујорк.






Лула Роуз е второ дете на Тајлер и Гарднер, кои ја започнаа својата врска во 2014 година, а се свршија следната година. Лив има и 11-годишен син од бракот со поранешниот сопруг Ројстон Ленгдон.



