Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кортни Кардашијан се породи пред камери, сама го извлече бебето

ФОТО: Кортни Кардашијан се породи пред камери, сама го извлече бебето

Семејството Кардашијан не дозволува ниту најинтимните моменти во нивните животи да останат зад камера. Во последната епизода од новата сезона на шоуто „Keeping Up With The Kardashians“ беше прикажано породувањето на Кортни.

33-годишната мајка сама ја извлече малата Пенелопе додека камерманите го снимаа целото породување.

Породувањето на Кортни Породувањето на Кортни Породувањето на Кортни Породувањето на Кортни

Во породилната соба беа и нејзините сестри Ким, Клои, Кајли и Кендал, нивната мајка Крис Џенер, како и партнерот на Кортни, Скот.

„Кортни обожава да ги извлекува своите деца“ – искоментирала Клои за необичното породување.

Ким, Мејсон, малата Пенелопе и КортниКим, Мејсон, малата Пенелопе и Кортни Ким Кардашијан Скот ДисикДолгогодишниот партнер на Кортни, Скот Дисик Кортни и Пенелопе

Но, сите гледачи не го прифатија „јавното“ породување со воодушевување. Многумина го нарекоа грозно и несоодветно.

Сепак, Кортни не жали за породувањето пред очите на милиони. „Wow! Лудост е што го гледам ова! Магично“ – напиша таа на Twitter.

Во истата епизода било откриено и дека Клои има проблеми со овулацијата и дека поради тоа не може да остане бремена.

Ги преминува ли границите семејството Кардашијан со покажувањето на интимните моменти на ТВ?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.