Ким Кардашијан позираше по долна облека за француското списание „Factice“. 32-годишната телевизиска ѕвезда ги разголи своите облини во долна облека и модни додатоци од Стела Мекартни, Гучи, Волфорд, Шанел и Кристијан Лобутин.
Волуменозната фризура, нежните нијанси на облеката, бисерите Шанел, како и крзното и палтото со пердуви, придонесоа за доловување на гламурозен винтаж изглед.
Фотографиите се дело на Виџат Мохиндра.