Еден месец откако ја објави веста за бременоста, Ким Кардашијан им го покажа на своите фанови и трудничкото стомаче.

32-годишната телевизиска ѕвезда објави на Instagram фотографија на која позира заедно со сестра си Клои. Фокусот на фотографијата е поставен на стомакот на Ким.
Фотографијата била направена за време на фотосесија за новата колекција на сестрите Кардашијан со познатата фотографка Елен Фон Унверт.