Ким Кардашијан ја покажа својата позната фигура на песочен часовник на плажа во Мајами. 32-годишната ТВ ѕвезда била фотографирана додека уживала во зајдисонцето заедно со својот добар пријател Џонатан Чебан.
Светло розовите бикини го истакнаа тенот на Ким, но и нејзиното тело. Неодамна Ким сподели дека значително ги покачила килограмите откако започнала врска со Кание Вест и дека е решена да се врати во форма. „Сакам да ослабам малку и не се плашам да го кажам тоа“ – изјавила таа за Life & Style.
Ким заедно со Клои и Кортни позираше за декемвриското издание на британскиот „Cosmopolitan“, а во интервјуто за списанието откри дека според неа самодовербата е најважна и дека Кание ѝ помага да се чувствува поуверена во себе.
„Сакам да ги научам моите идни ќерки дека сè е во самодовербата. Но, не мислам да си надуен, туку уверен во себе. Моето момче... тој многу ми помага за покачување на самодовербата. Ми дава комплименти на секаков можен начин“ – рекла Ким.