Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ким Кардашијан во црно за списанието „V“

ФОТО: Ким Кардашијан во црно за списанието „V“

Можеби никогаш нема да ја видиме Ким Кардашијан во американскиот „Вог“, или барем не додека Ана Винтур го држи кормилото, но тоа не значи дека познатата ТВ ѕвезда не се труди да се пробие во високите модни кругови.

Ник Најт, еден од највлијателните фотографи на светот, направи фотосесија со Ким за есенското издание на списанието „V“. За едиторијалот, Ким позира во повеќе различни црни креации.

Ким Кардашијан за „V“ Ким Кардашијан за „V“

Фотосесијата на одреден начин го покажува новиот стил на Ким. Оние кои одблиску ја следат Ким не можеа, а да не забележат колку таа го промени начинот на облекување и шминкање откако стапи во врска со Кание Вест. Надградбата за коса исчезна, вештачките трепки станаа помалку забележливи, а облеката поедноставна и потемна.

Ким Кардашијан за „V“ Ким Кардашијан за „V“

Иако медиумите се убедени дека промената е иницирана од Вест кој во моментов се пробива во дизајнерските води, Ким тврди дека веќе имала на ум да направи големи промени.

„Тоа дојде од времето кога се повлеков кон крајот на минатата година и на почетокот на оваа... Отидов и престојував четири месеци во куќата на мајка ми и не понесов шминка, високи потпетици или нешто слично. Зедов само удобни панталони, облека за вежбање и пижами. Тоа беше толку освежувачка промена! Престојот во Париз и патувањето ми ги прошири модните хоризонти и мојата палета на нешта кои сакам да ги носам. Обожавам шминка. Го сакам блесокот и гламурот, но мислам дека има и други начини да го достигнам тоа сега. Очигледно дека тоа што имам момче со стил, кое ми претстави многу нешта и ми ја отвори визијата, за мене е инспирација и ми помогна да ги променам нештата малку и да станам пософистицирана“ – изјавила Ким за списанието.

Ким Кардашијан за „V“ Ким Кардашијан за „V“

Не се надевајте дека славата на Ким ќе опадне. Наскоро таа ќе се појави и во филм, поточно филмот „The Marriage Counselor“. Во филмот таа ќе биде брачен советник, што е малку иронично по нејзиниот брак со Крис кој траеше само 72 дена. „Во вистинскиот живот дефинитивно не сум брачен советник. Не би требало да давам брачни совети! Беше многу иронично, особено во моментот кога го снимав, но делуваше терапевтски“ – објаснила таа.

Ким Кардашијан за „V“ Ким Кардашијан за „V“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19107 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.