Во текот на бременоста Ким Кардашијан добиваше многу критики за зголемувањето на тежината и за крупната фигура. Па, по породувањето таа вложи многу труд за да се врати во форма. Очигледно 33-годишната мајка е презадоволна од резултатите, па одлучи да го покаже своето тело пред очите на јавноста.
За списанието „Us Weekly“ Ким позираше на плажа во бели бикини.
Неодамна Ким откри дека слабеела со Аткинсовата диета и ги негираше гласините дека нејзиниот сегашен изглед се должи на операции.
Ким ја роди ќерката Нори пред шест месеци.