Ким Кардашијан повторно застана во центарот на вниманието, овој пат со експлицитни фотографии за списанието „Love“.
34-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ го сними едиторијалот „Ким носи Прада“, но на голем дел од фотографиите таа позира целосно гола, само со модни додатоци од познатата модна куќа.
Новото издание на списанието содржи 30 страници посветени на Ким. За фотосесијата, која била снимена во хотел во Лос Анџелес, бил ангажиран Стивен Клајн.