Кети Пери секогаш изненадува со својот стил. Само во последните неколку месеци нејзината коса од розова стана руса, од руса премина во сина, од сина се претвори во виолетова. Покажувајќи малку помрачен изглед од вообичаено и темновиолетова сјајна фризура,
Славната поп-ѕвезда, која наскоро ќе го објави филмот „Katy Perry: Part of Me“, за првпат отворено зборуваше за пропаднатиот брак со Расел Бренд и тешките моменти во кои морала да ги сокрие солзите за да се појави на сцена. „Тоа што се случуваше во мојот приватен живот беше толку силно, што морав да се наведнувам за да ги оставам солзите да паѓаат директно надолу од очите, а не преку вештачките трепки, затоа што морав да се качам на сцена и да ја пеам „Teenage Dream“. Морав да се удирам по лицето и да си велам: Овие проблеми се мои проблеми, не се проблеми на мојата публика, научи се да го разграничуваш тоа“ – изјавила Кети.
Сепак, и покрај сè, таа тврди дека сè уште верува во љубовта и бракот. „Сè уште верувам во љубовта и бракот. Само што научив неколку лекции по патот. Не жалам за ништо“ – дополнила таа.
Последниот албум на Кети Пери беше вистински хит. Освен што ѝ донесе огромен успех, тој само во последната година ѝ донесе 44 милиони долари. „Не е како да добив лотарија или да се родив со многу пари или како да имам многу врски. Навистина се изборив да стигнам дотука“ – објаснила таа.