Бикини незгодите од кои се зацрвенуваат образите се доста чести. Но, ако сте Кети Пери, веројатноста дека тие ќе бидат овековечени е огромна.
Додека 27-годишната пејачка се забавуваше во воден парк во Калифорнија, покажа малку повеќе отколку што сакаше. При излегувањето од водата, долниот дел од нејзиниот костим за капење се лизна надолу и ѝ го отскри задникот.
По малиот „инцидент“, Кети продолжи да се забавува заедно со свои пријатели, а се разбира, папараците уловија баш сè.