Кендис Сванапул ужива во својата прва бременост. 27-годишниот ангел на Victoria’s Secret го покажа своето видливо трудничко стомаче, позирајќи во зелени плетени бикини на плажа. Сванапул сподели две фотографии на својот профил на Instagram и привлече бројни комплименти.
На едната фотографија, убавата трудница го гали своето стомаче, додека на другата се релаксира под сончевите зраци.


Претходно, Сванапул имаше споделено со своите обожаватели уште две фотографии од стомакот.


Кон крајот на минатиот месец, Кендис со фотографија потврди дека со својот свршеник Херман Николи го очекуваат првото дете.

Привлечната Јужноафриканка и 30-годишниот бразилски манекен се заедно од 2005 година, а во август минатата година ја објавија својата свршувачка.
