И Кендал Џенер се најде меѓу бројните славни личности кои го посетија Канскиот филмски фестивал. 20-годишната манекенка чекореше на црвениот тепих во провидна креација од високата мода на Роберто Кавали за премиерата на „From The Land Of The Moon“.
Луксузен дијамантски накит од Шопард и црни сандали го комплетираа нејзиниот стилски избор за свеченоста.





















За време на нејзиниот престој во Кан, Џенер присуствуваше и на забавата на „Magnum Doubles“ на која се појави во асиметрична креација од Версаче.




